studencica.com.mk
Toggle Navigation
  • Македонски
  • Albanian(sq-AL)
  • Почетна
  • За нас
  • Активности
  • Издашност на изворот
  • Управа
  • Галерија
  • Политика за квалитет
  • Сертификат ISO 9001:2015
  • Извештаи за финансиско работење
  • Слободен пристап до информации
  • Годишен план за јавни набавки
  • Контакт

Почетна

Изворот и текот на реката Cтуденчица

     Изворот Студенчица се наоѓа на источната страна на планината Бистра на надморска висина од 965 метри, 4-5 километри возводно од село Горно Добреноец, Општина Кичево. Географската сливна површина на реката Студенчица заклучно до изворот изнесува 22,4 km2, но како и другите извори во ова подрачје, така и изворот Студенчица се прихранува и од соседните сливни подрачја, односно има долги патишта на прихранување. Карактеристично за изворот е што носи студена снежница, поради што и изворот и реката го носат името по студената бистра вода.

 Изворот и текот на реката Студенчица

  

Издашност на изворот во месец октомври 2019 година

Издашноста на изворот во текот на месец октомври 2019 година се движеше во граници од 502 литри во секунда како минимална, до 574 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец октомври изнесува 548 литар во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 24 сантиметри, максималната 24,80, додека пак минималната е 22,50 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2019 година може да се видат на оваа табела.

Издашност на изворот во 2018 година

Табеларен преглед на минималните, средните и максималните вредности на водостој и проток на Каптажа за 2018 година.

 

 

SCADA систем

SCADA ситемот на ЈП Студенчица Кичево служи за воведување на мерење на сите превземени количини на вода од страна на корисниците на водоводот.

Основни карактеристики на SCADA системот се:

- Автоматско управување со распределбата на вода врз основа на предефинирани протоци и количини во зависност од расположливата количина на вода

- Сигнализации и аларми за разни пореметувања во системот

- Визуелизација на системот и негово целосно пратење од едно место

 

МХЕ Добреноец

ЈП Студенчица во јануари 2014 година ја пушти во работа МХЕ Добреноец со инсталирана моќност од 460kW при проток од 300l/s.

Планирано годишно производство на електрична енергија од хидроцентралата: 2.430.000 kWh

  

Страница 1 од 2

  • 1
  • 2
  • Вие сте на:  
  • Дома

Горе

© 2019 studencica.com.mk