Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ е формирано од Владата на РМ и стопанисува со Регионалниот водовод Студенчица. Високиот кадар во ЈП Студенчица се грижи за одржување на високо ниво на вршење на дејноста од јавен интерес – водоснабдување на 9 општини и РЕК „Осломеј“.

Наш предизвик и визија:
ВИСОКО НИВО НА ДОВЕРБА И ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО КОРИСНИЦИТЕ

  За реализирање на својата основна цел, Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица, првенствено се фокусира на задоволството на купувачите и заштита на животната средина и тоа со почитување на следните принципи:

  • Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
  • Професионален однос и залагање за задоволството на потребите на корисниците, исполнување на барањата и нивно реализирање во договорените рокови.
  • Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
  • Обезбедување на здрава работна средина и обука за потикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.
  • Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на корисниците преку примена на најдобра пракса .
  • Покренување на иницијатива за развој во водоводниот ситстем.
  • Почитување на законските прописи и барањата на  државата.
  • Високо ниво на професионален однос со добавувачи и со други заинтересирани страни.
  • Воспоставен и постојано подобруван систем за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и негово преиспитување на ефикасноста и ефективноста.
  • Политиката за квалитет е основана за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ИСО 9001:2008.
  • Политиката за квалитет е достапна на јавноста и преставува обврска за сите вработени.

ВАШЕТО ЗАДОВОЛСТВО Е НАША ЦЕЛ И ОДГОВОРНОСТ