Изворот Студенчица се наоѓа на источната страна на планината Бистра на надморска висина од 965 метри, 4-5 километри возводно од село Горно Добреноец, Општина Кичево. Географската сливна површина на реката Студенчица заклучно до изворот изнесува 22,4 km2, но како и другите извори во ова подрачје, така и изворот Студенчица се прихранува и од соседните сливни подрачја, односно има долги патишта на прихранување. Карактеристично за изворот е што носи студена снежница, поради што и изворот и реката го носат името по студената бистра вода.

 Изворот и текот на реката Студенчица