Издашноста на изворот во текот на месец април 2022 година се движеше во граници од 780 литри во секунда како минимална, до 1829 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец април изнесува 1404 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 40 сантиметри, максималната 44.50 додека пак минималната е 30 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2022 година може да се видат на оваа табела.