Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ е формирано од Владата на РМ и стопанисува со Регионалниот водовод Студенчица. Вработениот кадар во ЈП Студенчица се грижи за одржување на високо ниво на вршење на дејноста од јавен интерес – водоснабдување на 7 општини и РЕК „Осломеј“.
Визија:
ВИСОКО НИВО НА ДОВЕРБА И ДОЛГОРОЧНА СОРАБОТКА СО КОРИСНИЦИТЕ
Мисија:
Нашата мисија е да се грижиме за одржување на високо ниво на вршење на дејноста од јавен интерес – водоснабдување, при што постојано се зачувува животната средина и здравјето на сите корисници преку управување со постојните процеси за одржување на системот за водоснабдување.
За реализирање на својата основна цел, Јавното претпријатие за водоснабдување Студенчица, првенствено се фокусира на задоволството на корисници и заштита на животната средина и тоа со почитување на следните принципи:
- Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласености од страна на сите вработени.
- Професионален однос и залагање за задоволството на потребите на корисниците, исполнување на барањата и нивно реализирање во договорените рокови.
- Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
- Обезбедување на здрава работна средина и обука за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.
- Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на корисниците преку примена на најдобра пракса.
- Покренување на иницијатива за развој во водоводниот систем.
- Почитување на законските прописи и барањата на државата.
- Високо ниво на професионален однос со добавувачи и со други заинтересирани страни.
- Воспоставен и постојано подобруван систем за менаџмент со квалитет во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и негово преиспитување на ефикасноста и ефективноста.
- Политиката за квалитет е основана за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ISO 9001:2015.
Политиката за квалитет е достапна на јавноста и преставува обврска за сите вработени.