Овластено лице за слободен пристап до информации од јавен карактер согласно член 8 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија 101/19")
Бранкица Ваневска
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел. 078 484 991
ЈП ,,Студенчица,, Кичево
бул. Ослободување 60А/1-1
П.фах 23
6250 Кичево
тел. 045/220-121
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
web: www.studencica.com.mk
Основни податоци за контакт со лице овластено за заштитено внатрешно пријавување:
Јагода Цветаноска
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел. 078 484 981
Слободен пристап до информации од јавен карактер
ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ
Усно или писмено барање
Член 12
(1) Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис.
(2) Барателот е должен во барањето да се произнесе за начинот на натамошната комуникација со имателот на информацијата и тоа усно, во писмена форма или во електронска форма.
(3) Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
Усно барање
Член 13
(1) Ако барателот бара пристап до информација со усно барање, имателот на информацијата е должен на барателот да му овозможи пристап до информацијата, на начин со кој барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина, за што имателот на информацијата составува записник, освен ако се работи за информации од членот 6 став (1) од овој закон.
(2) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето од ставот (1) на овој член, веднаш, а најдоцна во рок од пет дена од денот на поднесување на барањето, овозможува запознавање со содржината на бараната информација на начин што му дава на увид или му обезбедува препис, фотокопија или електронски запис од бараната информација.
(3) Ако имателот на информацијата одговори негативно на барањето или не може веднаш да одговори на барањето, како и ако барателот има устен или писмен приговор на начинот на запознавањето со информацијата, службеното лице за посредување со информации е должно за барањето да изготви решение во кое ќе внесе податоци за барателот, датумот на прием на барањето и да го извести барателот за посебното барање, односно за бараната информација.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член, барателот на информација има право на жалба до
Агенцијата, во рок од 15 дена од приемот на решението.
(5) Во случаите од ставот (3) на овој член натамошната постапка по усно барање продолжува како по писмено барање во согласност со овој закон.
Писмено барање
Член 14
(1) За писменото барање за пристап до информации одлучува имателот на информации во постапка утврдена со овој закон.
(2) За прашања на постапката од ставот (1) на овој член кои не се уредени со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за општата управна постапка.
Поднесување на барањето
Член 15
(1) Барањето за пристап до информации го поднесува барателот до имателот на информации.
(2) Барањето од ставот (1) на овој член поднесено во електронска форма се смета за писмено барање од членот 14 од овој закон.
Содржина на барањето
Член 16
(1) Формата на образецот на барањето за пристап до информациите ја пропишува директорот на Агенцијата и имателот на информацијата е должен да му го обезбеди образецот на барателот.
(2) Барањето се поднесува на образецот од ставот
(1) на овој член или во друга форма и на начин согласно со членот 12 став (1) од овој закон.
(3) Барањето содржи назив на имателот на информацијата, личното име и презиме на барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице.
(4) Во барањето барателот е должен да ја наведе информацијата со која сака да се запознае и на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација (увид, препис, фотокопија, електронски запис).
(5) Барателот не е должен да го образложи барањето, но е потребно да наведе дека се работи за барање за пристап до информации.
(6) Ако според предметот на барањето произлегува дека се работи за барање за пристап до информации согласно со овој закон, имателот на информацијата задолжително го разгледува барањето во согласност со овој закон.
Дополнување на барањето
Член 17
(1) Ако барањето е непотполно и поради тоа имателот на информацијата не може да постапува, тој ќе побара од барателот на информацијата да го дополни барањето, со укажување на последиците ако тоа не го направи. Барателот е должен да го дополни барањето во рок од три дена од денот на известувањето за потребата од дополнување на барањето, односно во рок од три дена од денот на приемот на известувањето за потребата од дополнување на барањето.
(2) Службеното лице определено за посредување со информации е должно на барателот да му даде соодветна помош при дополнување на барањето.
(3) Ако барателот не постапи согласно со ставот (1) на овој член, имателот на информацијата со решение ќе го отфрли барањето.
(4) Против решението од ставот (3) на овој член барателот има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Агенцијата.
(5) Ако барањето и по дополнувањето не ги исполнува условите од членот 16 на овој закон и поради тоа имателот на информации не може да го разгледува барањето, имателот на информации ќе донесе решение со кое ќе го отфрли барањето.
(6) Против решението за отфрлање на барањето од ставот (5) на овој член дозволена е жалба до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
Препраќање на барањето
Член 18
(1) Ако имателот на информации што го примил барањето не располага со бараната информација веднаш, а најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето, е должен да го препрати барањето до имателот на информации кој според содржината на барањето е имател на информацијата и за тоа да го извести барателот.
(2) Рокот за добивање на информацијата почнува да тече од денот на добивањето на барањето кај имателот на информацијата на кој му е препратено барањето од ставот (1) на овој член.
Член 19
Постапката по барањето за пристап до информации кај имателот на информации ја спроведува службеното лице од членот 8 од овој закон.
Постапување по барањето
Член 20
(1) Ако имателот на информации позитивно одговори на барањето или ако барањето делумно или целосно го одбие, за тоа ќе донесе решение.
(2) Решението од ставот (1) на овој член, со кое барањето делумно или целосно е одбиено задолжително содржи образложение за причините поради кои барањето е одбиено и за резултатите од спроведениот тест на штетност.
(3) Ако имателот на информацијата во рокот утврден во членот 21 од овој закон не му овозможи на барателот пристап до информацијата и ако не донесе и не му достави на барателот решение се смета дека барањето е одбиено по што барателот може да поднесе жалба до Агенцијата во рок од 15 дена.
Член 21
(1) Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најдоцна во рок од 20 дена од денот на приемот на барањето.
(2) Имателот на информацијата, информацијата ја дава во бараната форма, освен ако бараната информација веќе постои во однапред пропишана форма и е достапна за јавноста и ако е поповолно за барателот информацијата да се достави во поинаква форма од бараната, за што имателот на информацијата ја образложува причината за ваквиот начин на доставување.
Продолжување на рокот за доставување на бараната информација
Член 22
(1) Во случај кога имателот на информацијата треба да овозможи делумен пристап до информацијата согласно со членот 6 став (4) од овој закон или поради обемноста на бараната информација му е потребно подолго време од рокот утврден во членот 21 од овој закон, рокот може да се продолжи најмногу до 30 дена од денот на приемот на барањето.
(2) Имателот на информацијата за продолжувањето на рокот од ставот (1) на овој член е должен во електронска форма да го извести барателот веднаш, а најдоцна седум дена од денот на приемот на барањето.
(3) Ако имателот на информацијата не постапи во рокот од ставот (1) на овој член, барателот на информацијата може да поднесе жалба до Агенцијата.
Одговорени барања
Член 23
Имателот на информацијата е должен да го извести барателот на информацијата во однос на барањето за пристап до информации ако по барањето веќе одговорил позитивно на исто или слично барање на истото лице во рок од три месеци пред денот на приемот на барањето.
Доставување одговор по бараната информација
Член 24
(1) Ако имателот на информацијата позитивно одговори на барањето, веднаш му овозможува на барателот запознавање со содржината на бараната информација и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.
(2) Ако барателот бара да му се даде информацијата на увид, имателот на информацијата е должен да му овозможи увид на тој начин што барателот ќе има доволно време да се запознае со нејзината содржина.
(3) Ако, како резултат на добиената информација, произлезе барање за дополнителна информација поврзана со документите кои ги поседува имателот на информацијата, барателот поднесува ново барање, согласно со членовите 15 и 16 од овој закон, заедно со одговорот што веќе го добил.
(4) Ако барателот смета дека информацијата со која се запознал не е информација што ја навел во барањето, може да бара од имателот на информации да му се овозможи запознавање со информацијата што ја навел во барањето најдоцна во рок од десет дена по приемот на повторното барање кај имателот на информацијата.
(5) Ако имателот на информацијата не одговори на повторното барање на барателот на информацијата, по истекот на рокот утврден во ставот (4) на овој член, барателот на информација може да поднесе жалба до Агенцијата во рок од 15 дена.
- Барање бр.1 за слободен пристап до информации и одговор од 2022
- Барање бр.2 за слободен пристап до информации и одговор од 2022
- Барање бр.3 за слободен пристап до информации и одговор од 2022
Годишен извештај за 2023 година за поднесени барање согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
ЛИСТА
ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР на ЈП ,,Студенчица,, Кичево
Прописи кои се однесуваат на надлежноста на ЈП ,,Студенчица,,Кичево
Закон за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/1996; 9/1997; 6/2002; 40/2003; 49/2006; 22/2007; 83/2009; 97/2010; 6/2012; 119/2013; 41/2014; 138/2014; 25/2015; 61/2015;39/2016, 64/2018, 35/19 и 275/19)
Закон за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/2004, 28/2006, 103/2008, 17/2011, 54/2011, 163/2013, 10/2015, 147/2015 и 31/2016). Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У. бр. 199/2005 од 24 јануари 2007 година објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2007.
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Македонија 101/19")
ЗА ИЗВОРОТ
Издашност на изворот на река Студенчица
Водотеци и протеци
ОРГАНИ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ,,СТУДЕНЧИЦА,, КИЧЕВО
-управен одбор,
-надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење и
-директор
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
тримесечни извештаи кои содржат показатели за финансиското работење,
годишни сметки и извештај за работа на јавното претпријатие