Општо за регионалниот систем за водоснабдување Студенчица

Регионалниот систем за водоснабдување Студенчица е капитален објект на Република Македонија, кој ги зафаќа изворите на реката Студенчица на надморска висина од 965 метри и е димензиониран за проток од 1500 l/s со вкупна должина на главниот цевковод и пропратните објекти од 110 km.

Општо за Јавното претпријатие „Студенчица“

Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ како правен субјект е настанато со статусна промена, делење на ЈП за водоснабдување „Студенчица и Злетовица“ ЦО Скопје, на две Јавни претпријатија со Одлука на Управниот одбор на ЈП за водоснабдување „Студенчица и Злетовица“ ЦО Скопје, донесена на 09.05.2001 година, на која владата на РМ даде согласност со Одлука, донесена на 12.07.2001 година. Со наведената статусна промена, целокупниот капитал и средствата, како и сите права и обврски на ЈП „Студенчица и Злетовица“ Скопје во целост ги превзема ЈП „Студенчица“ Скопје. Дејноста на ЈП „Студенчица“ Кичево е утврдена во горенаведената Одлука: собирање, пречистување и дистрибуција на вода за пиење и прехрамбена вода, одржување и експлоатација на Регионалниот водовод „Студенчица“ за потребите на делови од 7 Општини и тоа: Кичево, Пласница, Македонски Брод, Долнени, Крушево, Кривогаштани, и Прилеп и технолошка и санитарна вода за потребите на РЕК „Осломеј“. Според Основното решение донесено во јануари 1975, за регионално водоснабдување на Кичево, РЕК „Осломеј“, Македонски Брод, Прилеп и Крушево и населените места со вода од изворот на реката Студенчица, предвидено е на крајот на проектниот период да се водоснабдуваат околу 192.000 жители. На почетокот на 2015 година состојбата со приклучоците на регионалниот водовод е следната: