Издашноста на изворот во текот на месец декември 2022 година се движеше во граници од 1110 литри во секунда како минимална, до 3706 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец декември изнесува 1940 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 45.50 сантиметри, максималната 56.50 додека пак минималната е 36 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2022 година може да се видат на оваа табела.