Почетна
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2025
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2025
Пријавата со потребната документација, кандидатите ја доставуваат во затворен коверт директно во архивата на јавното претпријатие или преку пошта на следнава адреса:
ЈП за водоснабдување „Студенчица“ Кичево
ул. „Булевар Ослободување“ бр. 60А/1-1
(со назнака „за оглас за вработување“)
Изворот и текот на реката Cтуденчица
Изворот Студенчица се наоѓа на источната страна на планината Бистра на надморска висина од 965 метри, 4-5 километри возводно од село Горно Добреноец, Општина Кичево. Географската сливна површина на реката Студенчица заклучно до изворот изнесува 22,4 km2, но како и другите извори во ова подрачје, така и изворот Студенчица се прихранува и од соседните сливни подрачја, односно има долги патишта на прихранување. Карактеристично за изворот е што носи студена снежница, поради што и изворот и реката го носат името по студената бистра вода.
Изворот и текот на реката Студенчица
Издашност на изворот во месец октомври 2025 година
Издашноста на изворот во текот на месец октомври 2025 година се движеше во граници од 581 литри во секунда како минимална, до 673 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец октомври изнесува 620 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 26.10 сантиметри, максималната 27.50 додека пак минималната е 25 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2025 година може да се видат на оваа табела.
Издашност на изворот во 2024 година
Табеларен преглед на минималните, средните и максималните вредности на водостој и проток на Каптажа за 2024 година.
SCADA систем
SCADA ситемот на ЈП Студенчица Кичево служи за воведување на мерење на сите превземени количини на вода од страна на корисниците на водоводот.
Основни карактеристики на SCADA системот се:
- Автоматско управување со распределбата на вода врз основа на предефинирани протоци и количини во зависност од расположливата количина на вода
- Сигнализации и аларми за разни пореметувања во системот
- Визуелизација на системот и негово целосно пратење од едно место
Страница 1 од 2

