SCADA ситемот на ЈП Студенчица Кичево служи за воведување на мерење на сите превземени количини на вода од страна на корисниците на водоводот.

Основни карактеристики на SCADA системот се:

- Автоматско управување со распределбата на вода врз основа на предефинирани протоци и количини во зависност од расположливата количина на вода

- Сигнализации и аларми за разни пореметувања во системот

- Визуелизација на системот и негово целосно пратење од едно место

 

ЈП Студенчица во јануари 2014 година ја пушти во работа МХЕ Добреноец со инсталирана моќност од 460kW при проток од 300l/s.

Планирано годишно производство на електрична енергија од хидроцентралата: 2.430.000 kWh

  

За потребите на ЈП Студенчица Кичево во текот на 2013 година набавена е комбинирана градежна машина (ровокопач-утоварач) сo додаток плуг за чистење на снег. Набавената машина e од реномираниот британски производител JCB и тоа модел на машина 4CX ECО. Машината работи на дизел гориво има зафатнина на мотор од 4400cm3 и моќност од 81KW.

Во текот на 2014 година пуштена во употреба е нова станица за катодна заштита на Барбарас.

Станицата за катодна заштита е со следните карактеристики:

-          Umax=50 V ;

-          Imax=15 A ;

-          Регулација континуирана ;

-          Вградена заштита од атмосферски празнења;

-          Сместена во обезбедено ормарче за надворешна експлоатација