Издашноста на изворот во текот на месец јуни 2024 година се движеше во граници од 1404 литри во секунда како минимална, до 1776 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец јуни изнесува 1561 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 41.80 сантиметри, максималната 44 додека пак минималната е 40 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2024 година може да се видат на оваа табела.