Издашноста на изворот во текот на месец декември 2024 година се движеше во граници од 693 литри во секунда како минимална, до 1248 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец декември изнесува 1077 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 35.50 сантиметри, максималната 38 додека пак минималната е 28 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2024 година може да се видат на оваа табела.