Издашноста на изворот во текот на месец март 2019 година се движеше во граници од 616 литри во секунда како минимална, до 1046 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец март изнесува 884 литар во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 32,13 сантиметри, максималната 35, додека пак минималната е 26 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2019 година може да се видат на оваа табела.