Издашноста на изворот во текот на месец октомври 2020 година се движеше во граници од 581 литри во секунда како минимална, до 735 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец октомври изнесува 681 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 27.70 сантиметри, максималната 29 додека пак минималната е 25 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2020 година може да се видат на оваа табела.