Издашноста на изворот во текот на месец април 2021 година се движеше во граници од 903 литри во секунда како минимална, до 1561 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец април изнесува 1110 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 36 сантиметри, максималната 41.80 додека пак минималната е 32.50 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2021 година може да се видат на оваа табела.