Издашноста на изворот во текот на месец јуни 2021 година се движеше во граници од 1404 литри во секунда како минимална, до 1884 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец јуни изнесува 1617 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 42.40 сантиметри, максималната 45 додека пак минималната е 40 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2021 година може да се видат на оваа табела.