Издашноста на изворот во текот на месец ноември 2021 година се движеше во граници од 744 литри во секунда како минимална, до 2844 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец ноември изнесува 867 литри во секунда.

Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 31.80 сантиметри, максималната 52 додека пак минималната е 29.20 сантиметри.

Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2021 година може да се видат на оваа табела.