Издашноста на изворот во текот на месец ноември 2023 година се движеше во граници од 958 литри во секунда како минимална, до 2761 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец ноември изнесува 1347 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 39.30 сантиметри, максималната 51.50 додека пак минималната е 33.50 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2023 година може да се видат на оваа табела.