Издашноста на изворот во текот на месец декември 2023 година се движеше во граници од 1579 литри во секунда како минимална, до 1998 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец декември изнесува 1705 литри во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 43.30 сантиметри, максималната 46 додека пак минималната е 42 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2023 година може да се видат на оваа табела.