Издашноста на изворот во текот на месец ноември 2019 година се движеше во граници од 487 литри во секунда како минимална, до 903 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец ноември изнесува 581 литар во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 25 сантиметри, максималната 32,50, додека пак минималната е 22 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2019 година може да се видат на оваа табела.