Издашноста на изворот во текот на месец декември 2019 година се движеше во граници од 827 литри во секунда како минимална, до 1776 литри во секунда како максимална вредност на проток. Средната вредност за месец декември изнесува 1046 литар во секунда.
Средната вредност на водостој на Каптажа изнесува 35 сантиметри, максималната 44, додека пак минималната е 31 сантиметри.
Измерените податоци за издашноста на изворот и за водостојот во текот на сите месеци од 2019 година може да се видат на оваа табела.